U Beogradu i Skoplju viđam isto lice siromaštva. Pored zgrada i posmatranja da li se im se ljušte fasade, kao i gledanja ulica i trotoara u potrazi za rupama i đubretom, siromaštvo se najbolje vidi na licima ljudi koji kupuju ili prodaju. Gledam lica ljudi u supermarketu. Ne deluju raspoloženo. Posmatram i kasirke (nisam do sad ni u Beogradu ni u Skopju nikad videla muškarca da radi na kasi): većina je neljubazna i izgleda umorno, iscrpljeno, kao i mi. Ovde izgleda još nije ušao u modu evropski i američki model (preterano) ljubaznog ophođenja prema mušteriji. Ne kažem da mi se ova neljubaznost ne dopada. Upravo suprotno – sviđa mi se njihova iskrenost.
Zatim posmatram i prodavce na improvizovanim tezgama po ulicama, s cenama nespretno napisanim na parčićima papira, selotejpom pričvršenim za proizvode. Prodaje se sve i svašta – od gaća, čarapa i hulahopki, do upaljača, olovaka, svezaka i nekakvih plastičnih drangulija koje nikome nisu potrebne. Prodavci najčešće sede na niskim plastičnim stolicama tik do tezgi. Lica im deluju izbrazdano od očaja. Čak i ako ti je potrebno nešto s njihovih tezgi, strah te je da im se približiš, da ne bi zakačio nešto od tog očaja, tuge i beznadežnosti, kao da su prenosne, poput zaraznih bolesti.
Verovatno je lice siromaštva svuda isto. Sećam se siromaštva koje sam videla kad sam prelazila granicu između Arizone i Teksasa, na graničnom prelazu Nogales. Nakon sto metara, odjednom je prizor sasvim drugačiji: ulice su bučne i prljave, sa tezgama na sve strane. Tata mi je često pričao o dirljivom prizoru kome nisam prisustvovala: otac i dete prolaze pored štanda sa sladoledima. Dete traži sladoled. Tata mu kupi najjeftiniji, onaj napravljen od obojene, zaleđene vode, pruži ga detetu i odlaze zadovoljni.
*
Во Белград и во Скопје го гледам лицето на истата сиромаштија. Освен што се гледа по зградите, по тоа дали им се лупат фасадите, и по улиците и тротоарите, по тоа дали има дупки и ѓубре по нив, сиромаштијата најчесто се гледа на лицето на луѓето кога се занимаваат со купување или продавање. Ги посматрам лицата на луѓето што се во супермаркетите. Не делуваат расположено. Ги гледам и касиерките (немам видено маж да работи на каса во супермаркет во Белград, а богами ни во Скопје, досега): повеќето се нељубезни и делуваат уморно, истоштено, исто како и кај нас. Американскиот и европскиот модел на (претерано) љубезно однесување со потрошувачите се чини дека сè уште не е влезен во мода. Не велам дека ваквата нељубезност не ми се допаѓа. Напротив – ми се допаѓа нејзината искреност.
А потоа ги гледам продавачите што си поставиле самоделски тезги по улиците, со цени неумесно напишани на ливчиња залепени со селотејп на производите. Се продава сè и сешто – од гаќи, чорапи и хулахопки, до запалки, пенкала, тефтерчиња и некакви пластични дрангулии што никому не се потребни. Продавачите најчесто седат на ниско, пластично столче веднаш до тезгите. Лицата им делуваат избраздено од очај. Дури и да ти треба нешто од нивните тезги, страв ти е да им се приближиш, да не фатиш од маката и од очајот, од тагата и од безнадежноста, како да се пренесуваат како болест.
Веројатно лицето на сиромаштијата секаде е иста. Ми текнува на сиромаштијата што ја видов дента кога ја преминавме границата од Аризона во Мексико, во граничното гратче Ногалес. Поминавме сто метри, и одеднаш сликата беше сосема различна: улиците беа бучни и нечисти, со тезги на сите страни. Ова не го видов, ама татко ми секогаш го раскажува како трогателна сцена: татко и дете поминуваат покрај штанд со сладолед. Детето бара да му се купи сладолед. Таткото го купува најевтиниот, оној што е како боена, смрзната вода, му го подава на детето, и задоволно си заминуваат.