blog

Grad naš, i vaš / Градот наш, и ваш

Kad sam prijateljima i poznanicima u Skoplju saopštila da idem u Beograd, mnogi su reagovali s oduševljenjem i nostalgijom. Iako sam i ranije nekoliko puta boravila u Beogradu na kratko, po načinu na koji su ljudi pričali o njemu stekla sam utisak da je to neki mistični grad, bivša prestonica, nešto poput Istanbula, mesto gde na svakom uglu možete naučiti nešto o regionu, a i o sebi.

U Beogradu sam videla upravo to o čemu sam razgovarala s ljudima u Skoplju: lepotu, premda komplikovanu. Beograd je i star i nov; fasade se krune, ali su lepe, bučno je, ali ljudi umeju da slušaju, ima puno knjižara, ali i mnogo turbofolka, grad izgleda bogato, ali i veoma siromašno, Beograđani kažu da je siv, iako ne negiraju da je istovremeno i zelen. Posebno su mi interesantni stavovi ljudi koji ovde žive. Beograd je lep, kažem ja. Oni na to odgovaraju da su stvari koje su meni simpatične njima postale ružne i neprivlačne. Pretpostavljam da Beograđani mogu da osmotre potencijal grada, pa su besni što ga on ne ispunjava.

Sećam se da sam i ja slično pričala o Skoplju. Sada ga volim i više nego što sam ikad želela. Počela sam da cenim svaki najmanji detalj svog grada, a da to nisam ni primetila: prolećne mirise, buku letnjih večeri, veličinu grada u kom znam svakog a mene niko ne zna, park u Karpošu 4, planine sa snežnim vrhovima koje okružuju grad, melanholičnu, sivu zimsku maglu. Nažalost, to sam shvatila tek pošto je Skoplje preživelo do sad neviđenu metamorfozu: barok, kič, prenatrpavanje grada statuama i tržnim centrima,tek nakon što su parkovi i drveće koji su gradu davali dušu nestali. Sad znam da volim Skopje, čak i ovakvo kakvo je. Uživam u njegovim detaljima – i smatram da bi svako ko voli neki grad trebalo da nauči da uživa u malim stvarima koje ga obogaćuju.

Evo jedne sitnice koja je jako lepa u Beogradu: pošto je brdovit i prijatno vetrovit s ulicama prepunim drvoreda, kad stojiš u podnožju određenog brda i gledaš prema vrhu ulice, čini ti se da te sa druge strane čeka more.

*

 

Кога на пријателите и познаниците во Скопје им соопштив дека ќе одам во Белград, многумина реагираа со воодушевување и носталгија. Иако претходно неколку пати имав отидено во Белград на кратки посети, начинот на кој луѓето ми зборуваа за него ми создадоа впечаток дека се работи за некој мистичен град од минатото, поранешна престолнина, да не речам нешто како Истанбул; место каде што на секое ќоше можам нешто ново да научам за регионот, па и така и за себе.

Па така во Белград го видов тоа што ми го посочуваа луѓето од Скопје со кои разговарав: убавина, иако комплицирана. Белград е стар, но и нов; фасадите се ронат, но убави се; бучен е, но луѓето се слушаат; има многу книжари, ама и многу турбо фолк; изгледа богато, ама и многу сиромашно; велат дека е сив, ама не негираат ни дека е зелен. Посебно ми се интересни ставовите на луѓето што живеат тука. Белград не е убав, ми рекоа повеќето. Ми велат дека работите што ми се мене симпатични, ним им станале грди и одбивни. Претпоставувам дека го гледаат капацитетот на градот, и гневни се што не се исполнува.

Се сеќавам кога и јас така зборував за Скопје. Сега Скопје го сакам најмногу од што некогаш сум го сакала. Ја ценам секоја мала ситница за тој град што порано не сум ја ни забележувала: пролетниот мирис на градот, џагорот на летните ноќи, совршената големина на градот во кој истовремено можат сите да те знаат и никој да не те знае, паркчињата во Карпош 4, венецот планини со снежни врвови околу градот, меланхоличната, мрачна зимска магла. За жал, ова го сфатив откако на Скопје му се случи невидена метамофроза: барок, кич, пренатрупаност од статуи и шопинг центри, и откако дрвјата и паркчињата што на градот му дадоа душа не исчезнаа. Сега знам колку го сакам Скопје, дури такво какво што е. Уживам во неговите ситници – и мислам дека секој човек што си го сака градот треба да научи да ужива во ваквите мали детали што го бојат секој град.

Еве една ситница што е многу убава во Белград: бидејќи е брдест и пријатно ветровит, со улички по кои се наредени дрвја, кога стоиш на подножјето на одредено брдо и гледаш нагоре по улицата, ти се чини дека на другата страна те чека море.